Top Sport

И ВАР против Арсенал (видео)

Фудбалската видео-технологија (ВАР) донесе контроверзи во уште еден англиски меч во кој се користеше – првиот полуфинален меч од Лига купот меѓу Челси и Арсенал, кој заврши без голови на „Стемфорд бриџ“.

Арсен Венгер и навивачите на „топчиите“ остана исфрустрирани откако по стартот на Виктор Мозес над Ејнсли Мејтленд-Најлс не беше досуден пенал туку само слободен удар. Судијата Мартин Еткинсон по интервенциите на играчите на Арсенал ја консултираше ВАР технологијата, но заклучи дека бил во право.

Ова дефинитивно го налути Венгер, кој неодамна беше повикан пред Фудбалската асоцијација (ФА) да одговара по расправијата со судијата Мајк Дин за досудениот пенал во финишот на 1:1 ремито со Вест Бром за што доби казна од три меча.

Дуелот на „Стемфорд бриџ“ заврши без голови така што патникот во финалето ќе се одлучува на реваншот на 24 јануари.

Scroll to Top