Сандро Тонали, заедно со неговиот агент, денеска ги потпишал документите со директорите на Милан, Паоло Малдини и Фредерик Масара продолжувајќи го договорот со италијанскиот шампион, објавуваат италијанските медиуми.
22-годишниот Тонали беше купен од Бреша во 2020 година, првично на позајмица од 10 милиони евра, со дополнителни 6.9 милиони евра за откуп на договорот. Тогаш Милан не беше во најдобра финансиска состојба и Тонали, кој е навивач на „росонерите“ од своето детстсво се согласи на релативно ниска плата од 1.2 милиони евра по сезона.
По влегувањето на новите инвеститори во клубот, американскат „Редбрд“, клубот реши да му врати со нов договор со плата од 3 милиони евра по сезона.