Милан објавија неколку иницијативи за собирање на пари за помош на бегалците од Украина, вклучувајќи посебен дрес дизајниран во соработка со легендата на клубот, Андриј Шевченко.
Легендата на украинскиот фудбал Шевченко неодамна објави порака за мир пред полуфиналето од Копа Италија со Интер, а сега „росонерите“ во соработка со Црвениот крст ќе организираат аукција за собирање на средства.
Клучниот дел од иницијативата е новиот дрес наречен „Специјална едиција – Манчестер 2003 за Украина“, со дресот со број 7 на Шевченко кој го носеше кога го постигна одлучувачкиот пенал против Јувентус во финалето на ЛШ на „Олд Трафорд“ во 2003 година. На дресот ќе ги има и боите на украинското знаме со порака „АЦ Милан за мир“.
#ACMilan is taking to the field in support of Ukraine and its citizens, find out about all of our initiatives ➡️ https://t.co/iCGyHePkYt
Il Milan scende in campo in aiuto dell’Ucraina e del suo popolo: scopri di più su tutte le iniziative ➡️ https://t.co/FLKjBpmW1e#SempreMilan pic.twitter.com/SP5YSLSnSN
— AC Milan (@acmilan) March 10, 2022