Милан со 2:0 го доби контролниот меч со косовскиот шампион Фероникели во првиот меч на „росонерите“ во соседно Косово.
На стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло продолжи да ја тестира својата уникатна 4-3-1-2 формација за следната сезона со Сусо во „дупката“, но ги тестираше и Андре Силва и Кастилехо, а свое деби имаше и засилувањето од Емполи, Раде Круниќ во партнерство во средината со Лукас Билја и Хакан Чалханоглу.
Сусо во 24. минута со прекрасен гол од слободен удар им донесе водство на Милан, а во второто полувреме Фабио Борини убаво стрелаше во шестнаесетникот за 0:2.
Suso’s lovely freekick! #FeronikeliMilan pic.twitter.com/Ho1LKUKu0Y
— Rocco (@ACMilanBuffalo) August 10, 2019
Milan’s second goal, scored by Fabio Borini.
Feronikeli 0:2 Milan#FeronikeliMilan pic.twitter.com/1aLq5h3jPj
— Kosovan Football ?? (@kosovanfooty_) August 10, 2019