Top Sport

Милан со втора понуда за Пулишиќ

Милан поднеле втора понуда за фудбалерот на Челси, Кристијан Пулишиќ вредна над 20 милиони евра, објавува „ЕСПН“, откако американскиот репрезентативец веќе се договорил за личните услови со „росонерите“.

Според нивните извори Милан се сигурни во договорот бидејќи Челси ќе сакаат да се ослободат од платата на Пулишиќ од околу 15 милиони евра годишно.

За Пулишиќ беа заинтересирани и Лион, но тој сметал дека преселба во Франција би бил чекор назад во неговата кариера. Пулишиќ пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Борусија Дортмунд во 2018 година и има 145 настапи во четири сезони со Челси.

Scroll to Top