Милан веќе отвориле преговори со агентите на Пауло Дибала за потенцијален трансфер и покрај тоа што се веруваше дека Интер се блиску до неговиот потпис, тврди „Калчомеркато“.
„Росонерите“ се во потрага за нова „десетка“ за да го засилат нападот, но се веруваше дека ќе се решат за поевтина опција како Шарл де Кетеларе од Бри или Марко Асенсио од Реал Мадрид.
Милан сигурно нема да му понудат на Дибала идентична плата како која ја добиваше Аргентинецот во Јувентус, околу 7 милиони евра. Дибала по крајот на договоро со Јувентус, тренира индивидуално за да биде поготвен за новата сезона. Покрај Интер, за него се заинтересирани и Атлетико Мадрид, откако тој одби шанса да оди во англиската Премиерлига.
#Milan, pazza idea #Dybala: dai contatti alla possibile strategia https://t.co/ngrASXqL8q
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 29, 2022