Top Sport

Реал се „кралеви“ и по спонзорствата на своите дресови

Истражувањето на италијанскиот „Калчо е финанца“, специјалистички сајт кој се занимава со парите кои влегуваат во светскиот, а посебно европскиот фудбал, покажува дека Реал Мадрид, покрај тоа што се 14-кратни европски шампиони се и убедливо на првото место според парите кои ги добиваат од спонзорите на своите дресови.

Реал заработува фантастични 120 милиони евра по сезона од авио-компанијата „Емирати“, и со таа сума се пред нивните вени ривали, Барселона, кои добиваат 105 милиони евра од новиот спонзор „Спотифај“. По нив следуваат Манчестер јунајтед (87 милиони), Пари Сен-Жермен (80 милиони), Манчестер сити (75 милиони), Арсенал и Челси (по 60 милиони), Јувентус (51 милион) и Ливерпул и Тотенхем (по 35 милиони).

Јувентус е убедливо прв во Италија со своите 51 милиони евра кои ги добиваат од „Сајгејмс“, лидерот во светот на гејмингот, пред Милан (30 милиони евра), Интер (12.5 милиони евра), Лацио (5 милиони евра) и Рома (3.5 милиони евра).

Scroll to Top