Top Sport

Милан тргнаа по потписот на Кaлајџиќ

Фудбалскиот клуб Милан, покажува сериозен интерес за напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ.

Калајџиќ, кој е висок 200 сантиметри, го носи дресот на Австрија на Европското првенство. Настапи против Македонија во првото коло до 70.минута.

Милан воспоставиле контакт со клубот на Калајџиќ и неговиот менаџер. Штутгарт за услугите на напаѓачот бара 20 милиони евра, што е десет пати поголема сума од онаа што за него им платија на Адмира пред две години.

Калајџиќ, минатата сезона, во Бундес лигата постигна 16 голови.

Инаку, Штутгарт веќе реализираше еден трансфер во преодниот рок. За 30 милиони евра, Аргетнинецот Нико Гонзалес го продадоа во Брајтон.

Scroll to Top