Според италијанскиот „Калчомеркато, Милан се подготвени да го купат Џек Грилиш од Манчестер сити доколку не го убедат португалскиот талент Рафаел Леао да остане и тој си замине во летниот преоден рок.
Грилиш, за кого Сити платија рекордни за Британија 100 милони фунти, не ги оправда големите очекувања во тимот на Пеп Гвардиола и клубот би бил подготвен да го продаде за 70-тина милиони евра, средства кои потоа би ги искористиле да го купат Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.
Од друга страна се очекува Милан, кои заостануваат во трката за италијанската титула зад недопирливите Наполи, под водство на новите американски газди „Редбрд“, да биде малку похрабар на пазарот на играчи со поголем буџет за засилувања. Договорот на Леао трае до летото 2023 година, но Милан не сакаат да ризикуваат тој да си замине како слободен играч (како Донарума и Чалханоглу) и ќе бидат приморани да го продадат следното лето ако не се согласи на продолжување на договорот.