Top Sport

Тен Хаг скромен на зборови за Роналдо: Си замина и тоа е во минатото, ние гледаме кон иднината

Менаџерот на Манчестер сити, Ерик Тен Хаг првпат проговори за заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот, откако се договорија за раскин на договорот по неговото бомбастично интервју со Пирс Морган, во кое ги критикуваше соиграчите, газдите и посебно Тен Хаг, велејќи дека не го почитува бидејќи тој не му покажал респект.

Наместо директен одговор, холандскиот стручњак се реши за поинаква порака.

„Тој си замина и тоа е во минатото. Ние гледаме напред кон иднината. Потребно е време да се добијат ефектите кога ќе ја смениш организацијата и начинот на игра. Во врвниот фудбал, никогаш немаш време. Противниците сакаат да те убијат и тоа ни е случи на стартот на сезоната со поразите од Брентфорд и Брајтон. Моравме бргу да се адаптираме и мислам дека момците го направија тоа успешно. Менталитетот се смени и начинот на игра, стилот доживеа промени. Сега, одиме понатаму“, вели Тен Хаг.

Јунајтед ја продолжуваат сезоната на 21 декември против Барнли во меч од Карабао купот.

Scroll to Top