Италијанскиот фудбалски клуб Милан за прв пат по 17 години оствари финансиска добивка во една сезона.
Клубот објави дека во текот на сезоната 2022/2023. оствари добивка од 6,1 милиони евра.
Овој профит е овозможен со силниот раст на прометот, кој забележа скок од 36 отсто во однос на сезоната 2021/2022.
Милан забележа раст на приходите од комерцијални и спонзорски (+44,4 милиони евра), приходи од ТВ права (+41,8 милиони евра) и влезници (+40,3 милиони евра).
„Милан минатата сезона ги намали трошоците за плати и трансфери „што ќе продолжи и во тековната финансиска година“.
Во соопштението се наведува и дека сопственикот на Милан, американскиот инвестициски фонд „Red Bird“, инвестирал 40 милиони евра во проектот за новиот стадион.
Милан по девет одиграни кола е на второто место во Серија А со 21 бод, еден помалку од првопласираниот Интер.