Top Sport

Милан во сензационален обид да го добијат Икарди!

Во трансфер по кој сигурно ќе го навлече бесот на навивачит на Интер, Мауро Икарди може да стане нов фудбалер на градскиот ривал Милан, тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Според нивните извори, Милан може да профитира од конфликтот меѓу Интер и Јувентус, кои подолго време се обидуваа да го донесат аргентинскиот напаѓач, но „нераѕурите“ постојано одбиваа да го продадат на својот лут ривал.

Икарди во моментов е на позајмица во Пари Сен-Жермен, каде што постигна 20 гола во скратената фудбалска сезона, и францускиот гигант има опција да го откупи за 70 милиони евра во текот на летото. Меѓутоа, последните извори велат дека 26-годишниот напаѓач не сака да продолжи со престојот на „Паркот на принцовите“ и сака враќање во Италија.

Според „Кориере“, Милан сметаат дека Икарди е вистински лидер каков што му е потребен на клубот, а доколку се остварат шпекулациите Лучано Спалети да седне на клупата на „росонерите“ следната сезона, шансите за негово доаѓање се уште поголеми.

Единствен проблем може да биде цената на Аргентинецот, бидејќи секој италијански клуб кој би сакал да го купи Икарди ќе треба да плати дополнителни 15 милиони евра „премија“, со што цената би била астрономски 85 милиони евра, додека газдите „Елиот менаџмент“ планираат да инвестираат „само“ 75 милиони евра на нови фудбалери ова лето.

Scroll to Top