Top Sport

Милан заинтересирани за Ван Бомел

Тренерот на ПСВ Ајндховен, Марк ван Бомел е еден од фаворитите да го замени Џенаро Гатузо на клупата на Милан, тврди италијанскиот весник „Ла република“.

Поранешниот холандски репрезентативец имаше 50 настапи за „росонерите“ во 2011 и 2012, помагајќи клубот да стигне до своето последно скудето. 42-годишниот Ван Бомел ја одработува првата сезона на чело на клубот од Ајндховен, и ги предводи во тесна борба со Ајакс за титулата – двата клуба се израмнети со бројот на поени на две кола пред крајот, иако Ајакс има подобра гол-разлика.

Ван Бомел по своето доаѓање во ПСВ им даде шанса на младите фудбалери од школата на клубот, вклучувајќи го и Стивен Бергвајн, фудбалер кој наводно е на трансфер-листата на Милан. Според „Ла република“, Ван Бомел кога си заминувал летото 2012 ветил дека еден ден ќе се врати како тренер на клубот.

Scroll to Top