Ветеранот Миле Јединак објави дека се повлекува од австралиската репрезентација три месеци откако беше капитен на Австралија на СП во Русија, приклучувајќи му се на Тим Кејхил во репрезентативна пензија.
Фудбалерот на Астон вила има 79 настапи за Австралија и 20 постигнати голови во 10 години за „сокерус“, а најголемиот успех, секако, му е победата на Азискиот куп во 2015 година и квалификувањето на СП во Русија, каде што 34-годишниот ветеран постигна два гола од пенал.
„По долго размислување направив одлука да се повлечам од репрезентацијата. Кога раснев сон ми беше да играм за Австралија и да го носам зелено-златниот дрес. Тоа што бев капитен ми беше посебна чест“, вели Јединак.
Фото: ЕПА