Еден навивач на Астон вила нашол „совршен“ начин како да се справи со заминувањето на капитенот на тимот, Џек Грилиш во Манчестер сити. Ништо што малку селотејп не може да го реши.
Наместо во бес да го изгори дресот или да го остави некаде подалеку, овој навивач на Вила решил само со селотејп да го покрие името на поранешниот капитен и да си дојде на стадион за мечот против Њукасл (кој Вила го доби со 2:0).
Во исто време, Грилиш веќе го постигна првиот гол за Сити при 5:0 победата над Норич.