Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) гостува против Хрватска во четвртиот натпревар од групата во Златната Европска лига. На првиот меч во Скопје, македонските одбојкари славеа со 3:2 во сетови во еден неизвесен дуел.
Селекторот Јошко Миленковски потенцира дека најважно е селекцијата да се подготви за централниот настан, Европското првенство на кое ќе бидеме ко-домаќини, но секако целта е да се оствари позитивен резултат на секој нареден меч.
„Го поседуваме квалитетот, имаме желба и мотивација и со голема борба ќе ги оствариме зацртаните резултати. Треба да учиме од грешките, да го подобруваме нивото на игра. На престојните натпревари против Хрватска и Украина ќе се обидеме да се поправиме. За нас е битно да продолжиме да се подготвуваме за Европското првенство“, изјави селекторот Јошко Миленкоски.
По три одиграни кола во Златната Европска лига, машката одбојкарска репрезентација на Македонија забележа победи над Белгија и над Хрватска дома, а загуби од Украина и од Белгија на гостински терен.