Top Sport

Милер доби критики од клубот, па ги повлече коментарите за Хаверц

Заменикот капитен на Баерн Минхен, Томас Милер мораше да ги „разјасни“ своите контроверзни коментари околу трансфер политиката на клубот, инсистирајќи дека првичните коментари биле извадени од контекст по јавното предупердување од спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Милер во средата предизвика бура на реакции зборувајќи за „парадоксот“ во фиансиите на клубот кој е поврзуван со фудбалери како Каи Хаверц, кои можат да чинат над 100 милиони евра, а во исто време сегашните фудбалери добиваат скратени плати.

Салихамиџиќ не беше импресиониран и му порача дека направил „погрешен избор“ со зборовите и дека за тие работи треба да се разговара во клубот. Милер вели дека неговите зборови погрешно се сфатиле.

„Во Баерн не постои внатрешно незадоволство поради откажување на дел од платите со можните трансфери во текот на летото. Ние се откажавме од нашите плати за други причини, односно за нашите вработени. Мојата изјава се однесуваше на фактот дека бев нервозен што ме прашуваа за трансфери по финале од купот. Некои сметаат дека тие засилувања, кои ни се потребни, можат да се остварат со еден потег. Како 100 или 50 милиони евра да не се големи суми во овие времиња. Веќе нема да зборувам јавно за трансферите“, напиша Милер на Твитер.

Scroll to Top