Top Sport

Фудбалерите на Болоња се откажаа од една плата

Болоња потврдија дека фудбалерите и тренерскиот тим на клубот се прикчучуваат на иницијативата на директорите на клубот и се откажуваат од една месечна плата поради корона вирусот.

Тримесечната пауза од фудбалот значи дека последните мечеви на тимот ќе се комплетираат на 2 август, и откако пред неколку месеци повеќе клубови од Серија А се одлучија на ваков потег, сега тоа го направија и во Болоња.

Претседателот Џои Сапуто и директорите веќе се откажаа од една плата минатиот месец.

„Клубот сака да се заблагодари на смислата за одговорност покажана од фудбалерите и тренерите“, се вели во изјавата на клубот.

Scroll to Top