Top Sport

Милер: Кога видов како се загреваат Барса, знаев дека ќе ги победиме

Томас Милер вели дека знаел дека неговите Баерн Минхен ќе ги победат Барселона откако ги забележал фудбалерите на каталонскиот тим на загревањето пред 8:2 „уништувањето“ во Лисабон.

Зборувајќи за различните фудбалски филозофии во Германија и Шпанија, 30-годишниот Милер вели дека веднаш се забележала разликата.

„Тоа е само пример. Ние се загревавме десет минути пред Барселона да дојде на теренот и почне со подготовките. Беа некако премногу опуштени. Тоа можеби не значи ништо, и мечот можеше да заврши поинаку, но само ја покажува нашата глад за победа“, вели Милер.

Scroll to Top