Top Sport

Милер: Немаше пенал врз Коман

Пеналот со кој Баерн Минхен избори пласман во финалето на германскиот Куп и понатаму е тема на фудбалската јавност во оваа земја.

Баерн ја победи екипата на Вердер во Бремен со 3:2 и за трофејот ќе игра против Лајпциг. Во Бремен Баварците водеа 0:2, Вердер стигнаа до 2:2, а на десет минути пред крајот судијата досуди непостоечки пенал за Баерн, кој подоцна Левандовски го претвори во гол.

Од Фудбалскиот сојуз на Германија се потврдија дека главниот судија не требало да покаже на белата точка, а со нив се согласил и напаѓачот на Баварците, Томас Милер.

„Во текот на мечот ми изгледаше дека е пенал, но кога ја погледнав снимката можам да кажам дека судијата погреши“, коментирал Милер на својот профил на „Твитер“.

Scroll to Top