Еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Томас Милер е позитивен на коронавирусот потврди клубот.
Милер, во сабота, ќе го пропушти натпреварот со Ајнтрахт. Според прогнозите би требало да се врати во тимот за дербито со Баер Леверкузен.
Клубот соопшти дека фудбалерот е во изолација и дека се чувствува добро.
Од почетокот на сезоната Милер на 23 натпревари постигнал седум гола и забележал 19 асистенции.