Top Sport

Милер се шегува пред дуелот со Барса: Мане десет дена ме потсетува да не му додавам на Левандовски

Томас Милер повторно ќе се најде на теренот со Роберт Левандовски, но сега нема да го носат истиот дрес, и капитенот на Баерн Минхен вели дека на тренинзи добивал предупредувања да не му ја дава топката на Полјакот во дуелот од Лигата на шампиони против Барселона.

„Мане на шега барем десет дена ми кажува да бидам внимателен и да не му ја додадам топката на Левандовски. Мораме да ја играме нашата игра и да не се фокусираме на него премногу. Нашата врска на теренот се развиваше во текот на годините, но сега имаме доста флексибилни играчи во нападот, а не само една фиксирана мета“, вели Милер.

Тој признава дека обновената Барселона ќе биде вистински предизвик за германскиот шампион.

„Мечевите од Лигата на шампионите секогаш привлекуваат повеќе внимание, како меч на ‘Сан Сиро’ или меч против Барселона. Тоа е дополнителна мотивација и сите го даваат максимумот. Кога ќе се сретнат најдобрите европски тимови, сите се мотивирани. Знаеме дека Барса имаа одличен старт на сезоната со многу голови. Ми се допаѓаат, но ќе одиме утре да ги победиме“, додава Милер.

Scroll to Top