Top Sport

Милер се збогуваше со Германија па ја повлече одлуката

Томас Милер, разочаран од елиминацијата на Германија од Мундијалот во Катар, пред пет недели најави дека се повлекува од националниот тим. Сепак, се предомисли.

„Ова беше мојот последен натпревар. Беше големо задоволство. Направив се за љубов. Имавме неверојатни моменти заедно. На секој натпревар секогаш се трудев да го оставам срцето на терен“, изјави Томас Милер по елиминацијата од Мундијалот.

Меѓутоа, кога разочарувањето од неуспехот помина, Милер се предомисли. Милер во изјава за „Кикер“ ја потврди својата нова одлука.

„Ќе бидам на располагање на репрезентацијата се додека сум професионален фудбалер“, рече тој.

Милер за Германија дебитираше во 2010 година. Дресот на националниот тим го носел на 121 натпревар, на кои постигнал 44 гола. Во 2014 година, Милер со Германија стана светски првак.

Scroll to Top