Top Sport

Милер за Меси: Секогаш беше потешко со Роналдо

Фудбалерот на Баерн, Томас Милер, го спореди Лионел Меси со Кристијано Роналдо, откако неговиот тим го елиминира ПСЖ во Лигата на шампионите.

Баерн, во осминафиналето од елитното натпреварување ги исфрли „светците“ со вкупен резултат 3:0.

„Против Меси секогаш се оди одлично. Кристијано Роналдо од друга страна секогаш ни беше проблем кога играше за Реал“, изјави Милер.

Ветеранот на Баерн ја објасни својата изјава.

„Но, имам најголема почит за настапот на Меси на Светското првенство. Таму играше неверојатно индивидуално, го носеше целиот тим. Сега е во ПСЖ, и не му е лесно да игра во таков тим. Тешко е да се постигне тимска рамнотежа“.

Scroll to Top