Top Sport

Милевски: Благодарност до фудбалерите, дадоа се што можат за Македонија овој јуни

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше против Гибралтар со 4:0 и го заокружи овој напорен циклус од четири меча во низа во Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски вели дека останува жал за поразот од Грузија, но секако им се заблагодари на фудбалерите за напорите во овие десетина дена.

„Останува да жалиме за Грузија, особено што одигравме еден добар натпревар во тие први 50 минути. Создадовме неколку шанси, а не реализиравме и на крајот загубивме. Сепак, сакам да им честитам на сите, задоволен сум од нивниот пристап, од залагањето и навистина морам да искажам благодарност што фудбалерите одвоија дел од одморот за да играат во дресот на Македонија во овој јунски период. Ќе видиме што ќе се случува до крајот на групата во Лигата на нации, остануваат уште два натпревари и се е можно“, изјави Благоја Милевски.

Македонија во септември треба да игра на домашен терен против Бугарија и на гости против Грузија, до крајот на овој циклус во Лигата на нации.

Scroll to Top