Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20:45 часот) го игра последниот натпревар од квалификациите за СП 2026.
Доколку Македонија остане непоразена во Кардифпротив Велс, ќе го обезбеди второто место во групата, што значи дека противникот во полуфиналниот бараж ќе го чека од третиот „шешир“. Во спротивно, Велз ќе биде вотро во групата, а Македонија во баражот ќе влезе преку Лигата на нации и ќе биде во четвртиот „шешир“.
Селекторот Благоја Милевски е убеден дека тимот има сила да се справи со предизвикот и да ја оствари поставената задача.
„Подготвени сме за ова што следува. Нѐ очекува натпревар што решава многу, но мојата порака до играчите е да го одиграат со уживање. Велс е силна репрезентација со одличен селектор, но двете екипи се практично исти како на првиот меч во Скопје. Имам доверба дека ќе дадеме вистински одговор и дека ќе ги реализираме нашите цели“, истакна селекторот Благоја Милевски на прес – конференцијата пред натпреварот.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија
