Селекторот Благоја Милевски го објави составот со кој ќе го нападне Гибралтар во Скопје. Има неколку промени, но во тимот се и дел од стандардните фудбалери, Барди, Елмас, Алиоски, Николов.
На голот ќе биде Дамјан Шишковски, во одбраната се Тодороски, Зајков, Серафимов и Кире Ристевски, а средниот ред го сочинуваат Барди, Николов и Елмас. Во нападот е Миовски, поддржан од Алиоски и од Чурлинов на крилните позиции.