Фудбалската репрезентација на Македонија составена од фудбалери од домашното првенство која ја очекува пријателски натпревар против Саудиска Арабија, денеска го одработи првиот тренинг на комплексот на ФФМ. Ова ќе биде убава можност за селекторот Благоја Милевски да го види на дело потенцијалот со кој располагаат овие фудбалери, надополнети и со неколку интернационалци кои добија дозвола за настап од клубовите, со оглед дека не се работи за термин на ФИФА.
Пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија е закажан за 22. октомври во Абу Даби.