Top Sport

Милевски ќе игра со ново напаѓачко трио против Фарски Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) игра пријателски натпревар против Фарски Острови. Селекторот Благоја Милевски се одлучи за неколку промени во селекцијата, а ќе има комплетно ново напаѓачко трио. Елиф Елмас, Александар Трајковски и Бојан Миовски останаа на клупата, а во стартниот тим се Валон Етеми, Илија Несторовски и Милан Ристовски.

Капитенот Стефан Ристовски ќе игра стопер, заедно со Кире Ристевски и со Дарко Велковски, а на десната странична позиција ќе стартува Дарко Чурлинов. Ова е офанзивна формација на Македонија.

 

Scroll to Top