Фудбалската репрезентација на Македонија беше убедливо поразена во Скопје од Грузија со 0:3 и пратично ги загуби шансите за првото место во групата. Загубена е шансата преку нов бараж да бараме пласман на ЕВРО 2024.
Селекторот Благоја Милевски вели дека ова издание е максимумот на Македонија во овој момент.
„Честитки за Грузијците, беа подобри. Ние паднавме на физички план во второто полувреме. Имавме контрола на играта до 50.минута, а потоа се случи голем пад. Во овој момент ова е нашиот максимум, а Грузија е барем едно ниво подобро физички подготвена репрезентација од Македонија. Жалам што не постигнавме гол или два во периодот кога доминиравме. Но, тоа е фудбалот, гледате и од резултатот во Гибралтар, денеска сите играат фудбал и мора да се респектираат“, изјави Милевски.