Благоја Милевски ја имаше промоцијата како нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Селекторот на У-21 репрезентацијата, на функцијата во сениорскиот тим, дојде на местото на Игор Ангеловски. Најупсшниот македонски селектор, Ангеловски, ја напушти селекторската функција, по елиминацијата на Македонија од Европското првенство.
Милевски ќе биде 18 селектор, или в.д.селектор во историјата на македонската репрезентација. Зад себе има настап на Европско првенство со У-21 репрезентацијата.
Милевски, со Фудбалската федерација на Македонија, договори соработка до 2024 година.
На кормилото на националниот тим тој ќе дебитира во септември, во квалификациите за Светското првенство. Македонија на 2.септември ќе ја пречека Ерменија, три дена подоцна ќе гостува на Исланд, а на 8.септември во Скопје ќе игра против Романија.