Топспорт во Гибралтар,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија победи со 0:2 против Гибралтар во вториот меч од Лигата на нации. Рутински триумф, но и дел од силите беа сочувани за следниот дуел против Грузија во Скопје на 9.јуни.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од победата и веднаш се фокусира на следниот предизвик.
„Честитки кон играчите за пристапот и желбата. Секоја победа треба да се заслужи. Сега размислуваме за Грузија“, изјави Милевски.
На овој натпревар шанса за деби добија Дејан Илиев, Тодор Тодороски и Никола Серафимов.
„Најавив дека на овие натпревари шанса ќе добијат сите натпревари. Им честитам и очекувам и понатаму да бидат подготвени секогаш ког ќе добијат минутажа. Поентата беше да го одморам Столе Димитриевски, а Дени Илиев беше на голот зошто игра на вештачка трева во клубот. Серафимов и Тодоровски исто така покажаа дека може да се смета на нив“, изјави Благоја Милевски.