Top Sport

Милик доаѓа во Рома, Џеко се сели во Јувентус

Напаѓачот на Наполи Аркадијуш Милик е на чекор до трансфер во Рома. Неговиот трансфер во Рим ќе го поттикне трансферот на Един Џеко во Јувентус.

Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо, доцна синоќа, објави дека Рома и Наполи постигнале договор околу Милик. Трансферот без бонуси ќе изнесува 25.000.000 евра. Останува уште Милик со Рома да ги договори личните услови.

Во исто време Џеко ќе може да го реализира својот трансфер во редовите на актуелниот шампион Јувентус. За „старата дама“ трансферот на Џеко е приоритет во преодниот рок.

Милик минатата сезона одигра 35 натпревари, постигна 14 голови, додека Џеко одигра 43 натпревари, постигна 19 голови.

Scroll to Top