Top Sport

Милик кариерата ќе ја спасува во Олимпик Марсеј

Полскиот фудбалер Аркадиуш Милик до крајот на сезонава ќе настапува за француски Олимпик Марсеј, а таму оди на позајмица од Наполи. Полјакот во италијанскиот клуб е од 2016 година, но често поради повреди беше надвор од теренот.

Сезонава нема одиграно ниту еден меч за клубот од Неапол, па има шанса да си ја врати формата играјќи во францускиот клуб кој моментно е на шестата позиција во Лига 1.

Марсеј ќе има можност на лето во потполност да го откупи договорот на Милик. Полскиот репрезентативец се очекува да ги направи лекарските прегледи, по што ќе им се приклучи на новите клупски колеги.

Scroll to Top