Top Sport

Покетино: Меси требаше да игра за Еспањол, ама…

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино изјави дека најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси било планирано да заигра за градскиот ривал, Еспањол. Тој тврди дека во тоа време се било подготвено за доаѓањето на Аргентинецот, но…

„Секогаш сонувате за најдобрите играчи, Меси требаше да заигра за Еспањол. Беше практично веќе на позајмица пред мечот за трофејот `Жоан Гампер` против Јувентус, но не излезе ништо од тоа“ раскажува Покетино за „EL Larguero”.

Аргентинскиот стратег кој од неодамна е на кормилото на францускиот шампион во една прилика изјавил дека попрво би се повлекол да работи на фарма во Аргентина, отколку да седне на кормилото на клубот од „Ноу Камп“.

„Кога го кажав тоа за фармата и Барселона отидов предалеку. Имам пријатели кои навиваат за Барселона, но јас сум навивач на Еспањол и тешко ми е да се идентификувам со Барса, никој не би ме разбрал“ вели тој.

Scroll to Top