Top Sport

„Милик ќе замине во клуб што ќе понуди најмногу, во спротивно ќе седи на клупата“

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис порачал дека Аркадиуш Милик ќе замине во оној клуб кој ќе понуди најмногу пари. Медиумите најчесто полскиот репрезентативец го поврзуваат со Јувентус. „Старата дама“ за Милик нуди пари и еден фудбалер.

„Милик е секогаш на пазарот. Откога го знам сакам да му го продолжам договорот. Тој само ме гледа и не одговара. Во тој момент мораш да прифатиш дека тој сака да замине“, рекол Де Лаурентис и дополнил.

„Милик ќе замине во клуб што ќе понуди најмногу, нема да биде на попуст. Доколку тоа не биде така тогаш тој ризикува да остане во Наполи и да седи на клупата“.

Наполи за Милик бара 50 милиони евра, а покрај Јувентус интерес за него покажува и Тотенхем. Полјакот во Наполи пристигна во 2016 година од Ајакс. Оваа сезона постигна 14 голови на 34 натпревари во сите конкуренции.

Scroll to Top