Top Sport

Милик не му е потребен на Мота, Полјакот се сели во Премиер лигата

Напаѓачот на Јувентус Аркадиуш Милик не е во плановите на новиот тренер Тиаго Мота и ќе биде продаден ова лето.

Според италијанските медиуми, Вест Хем и Брентфорд би сакале да го видат во своите редови.

Зад искусниот Полјак се две релативно неуспешни сезони во Торино.

Никогаш не го заслужи статусот првотимец и на повеќе од половина од одиграните натпревари во Серија А во игра влегуваше од клупата за резерви.

Се појави на 59 натпревари и постигна вкупно 11 голови.

Пред Јувентус играше за Марсеј, Наполи, Ајакс, Аугсбург и Баер Леверкузен.

Scroll to Top