Сергеј Милинквоиќ-Савиќ, поранешна ѕвезда на Лацио, би можел да се врати во Италија.
Фудбалерот од средниот ред на Ал Хилал се пресели во Саудиска Арабија пред две години, а претходно играше за Лацио осум години. Сепак, неговата дестинација нема да биде Рим, туку Торино.
Според медиумите во Италија, Игор Тудор се пожалил на недостатокот на играчи во средниот ред, а раководството на „старата дама“ го гледа Сергеј како идеално решение.
Од друга страна, постои интерес и кај поранешниот играч на Војводина и Генк да се врати во Европа. Милинковиќ-Савиќ на тој начин би станал третиот Србин во тимот на Јувентус, покрај Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.
Ова не е прв пат Јувентус да покажува интерес за српскиот играч од средниот ред. „Старата дама“ се обиде да го доведе неколку пати додека беше играч на Лацио, но не успеа.
Во Италија, Милинковиќ-Савиќ има добри бројки. Одигра 341 натпревар, постигна 69 гола и додаде уште 58 асистенции. Во Ал Хилал, тој собра 100 натпревари за две години со 29 гола и 25 асистенции.
Foto/ X