Top Sport

Милинковиќ-Савиќ: Пресреќен сум во Лацио

Сергеј Милинковиќ-Савиќ вели дека не е разочаран што не успеал да оствари трансфер во Манчестер јунајтед или Пари Сен-Жермен откако второ лето шпекулациите го поврзуваа со скап трансфер, но на крај станува изгледно дека тој останува во Рим.

Се веруваше дека Јунајтед се подготвени да дадат 90 милиони евра за него, но покрај тоа што немаше трансфер, тука беше и неговата повреда на колкот.

„Не сум сериозно повреден, како што тврдат некои. Знам колку долго ќе трае рехабилитацијата, односно за неколку дена се враќам на тренинзи. Преодниот рок во Премиер лигата заврши, така што приказната за Манчестер јунајтед е завршена. Не бев иритиран од тоа што се пишуваше во весниците бидејќи сакам да сум подготвен за новата сезона. Пресреќен сум во Лацио и не мислам на трансфер. Знам со кого имам договор и за кого го давам максимумот“, вели Милинковиќ-Савиќ.

Scroll to Top