Top Sport

Тајсон Фјури во ринг со анонимниот Швеѓанец Валин

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури ќе боксува со непоразениот Швеѓанец Ото Валин во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас на 14 септември, како последна „станица“ пред предвидениот ри-меч со Дионтеј Вајлдер.

28-годишниот Валин беше познат како одличен аматерски боксер, пред во 2013 да стане професионалец и да има 20-0 скор со 13 нокаути. Тој првпат боксуваше во САД во април против Ник Киснер, меч кој беше прогласен за невалиден поради судир со главите. Фјури пак, се враќа во Лас Вегас откако го победи Том Шварц во јуни.

„Пресреќен сум што повторно ќе боксувам во Лас Вегас, бидејќи уживав последниот пат. Ото Валин е висок и тежок противник, нешто што ми е потребно како подготовка за Дионтеј Вајлдер“, изјави Фјури.

Scroll to Top