Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе биде една од главните теми во летниот преоден рок. Српскиот репрезентативец се поврзува со трансфер во ПСЖ.
ПСЖ преку спортскиот директор Леонардо испратиле понуда од 60 милиони евра. Лацио ја одби оваа понуда, очекуваат од Париз да понудат уште најмалку 20 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ.
Додека клубовите преговараат фудбалерот веќе ги договорил финансиските детали од договорот. Според овие извори тој во ПСЖ ќе има годишна плата од седум милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ сезонава настапил на 31 натпревар за Лацио, постигнал пет гола и забележал седум асистенции.