Top Sport

Милинковиќ-Савиќ се согласил на трансфер во ПСЖ

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен. „Калчомеркато“ тврди дека СМС ќе потпише пет годишен договор вреден 25 милиони евра.

Истиот извор наведува дека фудбалерот и неговиот менаџер Матеја Кежман ги договориле условите и дека трансферот ќе биде официјализиран кога клубовите ќе се договорат околу обесштетувањето.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, ја одбил првата понуда од 55 милиони евра. Се претпоставува дека трансферот ќе изнесува преку 70 милиони евра, со што СМС би станал најскапиот српски фудбалер.

Scroll to Top