Сергеј Милинковиќ-Савиќ инсистира дека целта на Лацио останува топ 4 пласман, но по 2:1 победата над Интер, во која тој го постигна победничкиот гол, признава дека може да се тргне и кон титулата.
Лацио има рекордни 19 меча без пораз (последен пат загубија од Интер во септември), и сега се на само еден поен зад Јувентус.
„Јас дадов гол, но целиот тим дојде до победа. Пред неколку дена кажав дека сме семејство и дека сакаме да продолжиме вака. Интер немаше најдобро прво полувреме, но постигна гол. Се вративме на теренот со иста посветеност и почнавме како да е 0:0. Чувствуваме обврска да го однесеме Лацио во ЛШ, но ако сме тука и при крајот на сезоната, зошто да не одиме по титула? Интер нема да се предадат поради поразот, но и ние не се предаваме, ќе ги броиме поените на крајот“, вели Милинковиќ-Савиќ.