Top Sport

„Милионерите“ го донесоа новиот холандски талент Мален

Борусија Дортмунд го потврди трансферот на младиот холандски репрезетативец, Донјел Мален од ПСВ Ајндховен, верувајќи дека нивната скаут служба повторно завршила добра работа и дека имаат фудбалер кој подоцна ќе можат да го продадат за далеку повисока сума.

20-годишниот Мален потпиша договор со Борусија до 2026 година, откако лани за ПСВ постигна 27 гола и имаше 10 асистенции во 45 меча, а двапати беше стрелец и за „оранје“.

„Борусија Дортмунд е врвен европски клуб кој секогаш е на врвот на Бундеслигата, и секогаш игра во Лигата на шампионите. Едвај чекам да се натпреварувам со најдобрите“, изјави Мален.

Мален треба да го заземе местото на Џејдон Санчо, кој замина во Манчестер јунајтед, а интересно, исто како на неговиот нов соиграч Ерлинг Халанд, агент му е славниот Мино Рајола. Германските медиуми тврдат дека Борусија платила 30 милиони евра, од кои дури 9 ги заработил Рајола.

Scroll to Top