Челниците на Борусија Дортмунд планираат да го вратат во своите редови играчот на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо, во јануари следната година, пренесуваат британските медиуми.
Санчо сака да го напушти Манчестер јунајтед откако повеќе од два месеци не игра за клубот од „Олд Трафорд“ поради судир со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
Борусија сака да го врати Санчо во Дортмунд, бидејќи поранешниот англиски репрезентативец играше за германскиот клуб од 2017 до 2021 година.
Сепак, британските медиуми наведуваат дека најголемиот проблем е во реализацијата на трансферот е платата на фудбалерот. Санчо заработува околу 400.000 евра неделно во Јуанјтед.
Исто така, се наведува дека најреална опција за Борусија е долгорочна позајмица во која Манчестер јунајтед би покривал дел од платата на Санчо.
Санчо (23) сезонава одигра само три натпревари за клубот од „Олд Трафорд“.