Фудбалерите на Унион Берлин не можеа да посакаат подобар момент за да ја забележат првата победа во Бунес лигата. Екипата што преку баражот влезе во најсилната конкуренција во третото коло со 3-1 ја победија Борусија Дортмунд.
Пред 22.500 гледачи на стадионот на Унион Берлин, домашниот тим ги надигра фаворизираните „милионери“. Херој на Унион Берлин е Маријус Битлер кој постигна два гола. Третиот гол за домашниот тим е дело на Себастијан Андерсон.
Единствениот гол за Дортмунд беше Пако Алкасер. Шпанецот постигна гол на секој од трите натпревари што Дортмунд ги одиграа од стартот на сезоната.