Борусија Дортмунд со 2-1 славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во 25 коло и со новите 3 бода се искачи на втората позиција во Бундеслигата.
Иако младиот норвешки голгетер, Ерлинг Халанд денеска не беше меѓу стрелците, сепак „жолто-црните“ имаа свои адути во нападот.
Токму на асистенција на Халанд, Торган Азар во 8 минута донесе гостинска предност од 0-1. Со тој резултат се отиде на паузата.
Во второто полувреме, Штиндл постигна погодок за домашните за 1-1, а победата на гостите од Дортмунд ја донесе Хакими во 71. минута.
Борусија (Д) сега е втора со 51 бод. Лидер се уште е Баерн со 52 бода и меч помалку, а на третата позиција падна составот на Лајпциг со 50 бода.
Борусија (М) е на петтата позиција со 46 бода.