Top Sport

ВАР пенал ја спаси Барса, Сосиедад падна во 81 минута (видео)

Шпанска Барселона помалку среќно дојде до трите бода на домашниот меч од 27 коло во Ла Лига.

Предмалку екипата предводена од Лео Меси со неговиот гол постигнат од белата точка во 8 минута го скрши отпорот на Реал Сосиедад.

Иако меси претходно имаше неколку шанси кои останаа нереализирани, сепак најстрогата казна ја претвори во погодок вреден три бода. Со тоа го продолжи „проклетството“ на Реал Сосиедад кој цели 25 години нема освоени ниту бод против Барса на „Камп Ноу“.

Во првиот дел Барселона имаше повеќе од играта, домашните фудбалери упатија 7 удари кон противничкиот гол, но Ромеро беше на висина на задачата.

Во вториот дел Барселона преку Пике, Меси и Ракитиќ се обиде да дојде до предност, но безуспешно.

И Сосиедад имаше свои шанси, пред се преку Начо и Швеѓанецот Исак, но им недостасуваше оној последен удар.
Во 96 минута Жорди Алба погоди за 2-0, но неговиот гол беше поништен затоа што претходно младиот Фату беше во офсајд по додавањето на Меси.

Со трите бода, Барселона барем до утре ќе биде лидер на табелата со 58 бода, два повеќе од Реал Мадрид кој утре го игра против Бетис мечот од ова коло.

Scroll to Top