Top Sport

Милионерот Брејтвајт нема намера да ја напушти Барселона

Барселона направи неколку одлични зделки во преодниот рок, но има голем проблем, поради финансискиот фер-плеј, не може да ги регистрира засилувањата. Барселона го има надминато лимитот за плати, за да може да ги регистрира новите играчи мора да се ослободи од неколку фудбалери од актуелниот состав.

Еден од оние на кои клубот не смета е Данецот Мартин Брејтвајт. Тој има уште две години од договор, но не сака да го напушти клубот. Брејтвајт е означен како виновник број еден за лошата политика на клубот. Се отиде дотаму што на претставувањето на тимот беше единствениот кој доби свирежи од публиката на „Камп Ноу“.

Чави на крајот од минатата сезона му кажа дека повеќе не смета на него, поради што не беше на подготовките во САД.

Данецот е подготвен да замине, но само под услов клубот да му ги исплати во целост последните две години од договорот. Станува збор за сума од 9.000.000 евра.

Интересно е што Брејтвејт е мултимилионер. Тој инвестирал во бизниси во САД и според „Форбс“ неговото богатство се проценува на 250 милиони евра.

Во својата кариера играше за Тулуз, Мидлсброу и Леганес, од каде дојде во Барселона за 18.000.000 евра, во февруари 2020 година.

Scroll to Top