Top Sport

Милиони во касата – Интер е апсолутен рекордер во Купот на Италија

Интер избори пласман во финалето на Купот и внесе голема сума на пари во клупската каса. Интер, по 0-0 во првиот меч, во реваншот го победи градскиот ривал Милан со 3-0.

Првите два гола беа дело на Лаутаро Мартинез во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Робин Госенс, во финишот на натпреварот.

Денеска италијанските медиуми пишуваат дека Интер синоќа го собори рекордот на ова натпреварување.

Имено, на трибините на стадионот имало вкупно 74.508 гледачи што им донело бруто приход од продажба на билети од 4.156.710 евра, што претставува апсолутен рекорд во ова натпреварување.

Инаку, Интер ќе го дознае противникот во финалето вечерва кога реваншот го играат Јувентус и Фиорентина, „старата дама“ во првиот натпревар славеше минимална победа од 1:0.

Да потсетиме, Интер седум пати го освојуваше Купот на Италија, а последен пат во 2011 година.

Scroll to Top